СДСМ: Груевски продава магла за странските инвестиции во Македонија

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги призна податоците за кастрофалното ниско ниво на странските инвестиции во Македонија.

Народна банка објави поразителни податоци дека во јуни и јули оваа година, странските инвестиции во Македонија се на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад најмладата држава на Балканот, Косово.

Паднаа во вода сите приказни на Никола Груевски кој најавуваше милијарди евра странски инвестиции а никогаш не се остварија.

Знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника но мора да внимава што пишува и што говори.

За каков успех говори ВМРО-ДПМНЕ кога од Македонија заминеле 626.312 граѓани, наголем број високо образовани млади луѓе?

Зарем ВМРО-ДПМНЕ го смета за успех фактот што над 180.000 граѓани во Македонија едвај преживуваат со по 40 денари на ден?

Или ВМРО-ДПМНЕ смета дека е голем успех што над 10.000 фирми во Македонија се затворени а секоја трета е со блокирана сметка?

ВМРО-ДПМНЕ треба да се засрами што Македонија е 12 земја по беден живот од 180 земји во светот!

Повеќе од јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски живеат во нереален, имагинарен свет, додека граѓаните не можат месецот да го поминат а младите се иселуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Влада: Не се вистинити наводите на СДСМ и на ДУИ за работата на Министерството за животна средина

СДСМ: Ние сме за реформи во судството, но ова што го прави власта е дефинитивно една груба партизација

Меџити: Не може административна или архивска работа да се прикаже како голем скандал

(ВИДЕО) СДСМ на Мицкоски му предаде документи за скандалот со вицепремиерот Меџити

Горан Наумовски

СДСМ на Мицкоски ќе му достави документи за работата на Меџити