ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на сигурен пат да исчезне

Од:

СДС е на сигурен пат да ја снема. Со нивното молчење, СДС е на пат да исчезне и да ја снема, исто како што исчезна и го снема Артан Груби. Како изминуваат деновите, а не се извинува за тоа што го остави Груби да краде и прави криминални дела, СДС губи се повеќе. Единствени виновници и одговорни за криминалите на Артан Груби се СДС кои, иако Оливер Спасовски го имаа министер за внатрешни работи за време на целиот период на владеење, ниту го спречија, ниту против него поведоа постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС го имаа под нивна контрола и судството и обвинителство, но иако Артан Груби се најде на црната листа на САД за примање мито за влијание, преку одредени судии, врз судски одлуки, но таквите информации не допреле до нив. Па така, се до последните денови на нивната власт немаше никаков предмет или истрага против Груби.

Судско обвинителската власт, како и МВР кои треба да постават ред и поредок како и правна држава, меѓу другото, молчеа за еден од случаите кои сега веќе два месеци ја тресе македонската јавност, а тоа е Артан Груби.

Веќе на сите им е јасно, дека СДС свесно му дозволи на Артан Груби да краде и дека тоа го направиле за да останат подолго време на власт. Да не беа СДС и нивната желба за останување ден повеќе на власт, криминалот Груби и неговото пљачкање на државата, немаше да биде возможен. А, со тоа што не се извинуваат, СДС само потврдуваат дека без нив Артан Груби немаше да и се случи на Македонија, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази стана џелат на правдата и ги спасува криминалците од СДС и ДУИ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче најгласно се залага за спроведувањето на бугарските барања

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда