Груевски: Намалувањето на јавниот долг е добро за Македонија

Од:

Намалувањето на јавниот долг на државата, според премиерот Никола Груевски е добар показател во услови на светска економска криза.

– Тоа е добро за Македонија. Ние како земја и онака сме се уште во група на земји кои се ниско задолжени и не се во алармантна фаза на задолжување. Процентот околу 34 отсто е нешто што е петто место во Европа, а тоа е добро.  Се трудиме да има баланс во тој дел и засега фактот што сме петта најниско задолжена земја покажува дека тој баланс горе долу засега добро го одржуваме, рече премиерот, кој беше во посета на градската општа болница „8 Септември“.

Јавниот долг заклучно со 31. јули годинава бележи намалување и според објавените податоци на Министерството за финансии изнесува 33,6 проценти од БДП. Во однос на податоците од вториот кваратал годинава кога изнесуваше 34,2 проценти е намaлен за 0,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on