Груевски: 12,6 милиони евра ќе се инвестираат во шест регионални патишта

Од:

Постојано имаме вложувања во патната инфрастрктура, а следен проект на кој ќе биде ставен фокусот е реконструкција на патот Велес-Скопје, нагласи денеска премиерот Никола Груевски, по потпишување на договорот меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот за финансии и економија во Ченгду за основање Институт „Конфуциј“.

– Владата на Република Македонија и Агенцијата за патишта до крајот на годината подготвуваат реконструкција, ревитализација, а некаде и проширување на нови шест регионални патишта во должина од околу 100 километри, во кои ќе се инвестира 780 милиони денари односно 12,6 милиони евра, изјави Груевски по барање на новинарите да направи пресек на вложувањата во патната инфраструктура и додаде оти покрај овие има уште многу други проекти врзани за патната инфраструктура.

Инаку, до крајот на 2013 година се очекува да завршат работите на регионалните патишта: Ангелци-Вељуша-Водоча-Баница, Радовиш-Конче-Лубница, потоа регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, Струга-Дебар, Бошков мост-Гарски мост, како и  Тетово-Јажинце.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он