Грција со најмногу резерви на злато на Балканот, Македонија пред Словенија

Од:

Со резерви на злато, од 6,8 тони, Македонија е рангирана е на 79 место од вкупно 100 земји од светот, додека Албанија е последната, со 1,6 тони, јавуваат албанските медиуми, повикувајќи се на извештајот на World Gold Council за месец август 2014.

Бројките ги потврдил и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Од регионот на Балканот најмногу злато има Грција, 112,2 тонa злато, следува Бугарија со 40 тони, Србија 16,1 тони, Словенија 3,2 тонa, Босна и Херцеговина 3 тони.

Хрватска, Косово и Црна Гора не се во листата.

Според листата, прва е САД со 8.133,5 тони, втора е Германија со 3.384,2 тони, трет е ММФ со 2.814 тони, па Италија, со 2.452,8 тони, Франција со 2.435,4 тони, Русија е петта со 1.094,7 тони. Претпоследна (99) на листата е Хаити со 1,8 тони и Албанија последна со 1,6 тони.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Цените на златото на историски високо ниво

А1он