Грција планира да продолжи со реализација на рускиот гасовод во Европа

Од:

Грција планира да продолжи со реализација на проектот за Јужноевропскиот гасовод за испорака на руски гас во Европа, изјави новиот министер за индустриски реформи, животна средина и енергетика Панос Скурлетис.

На церемонијата за примопредавање на функцијата во Министерството за енергетика, тој изрази верување дека тоа е големо достигнување, голем проект кој мора да продолжи.

На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург во јуни, министрите за енергетика на Русија и Грција потпишаа меѓувладин меморандум за соработка во изградбата на гасоводот Турски тек на територијата на Грција. Проектот беше именуван Јужноевропски гасовод (СЕП).

Поранешниот министер Панајотис Лафазанис за време на предавањето на должноста истакна дека од Јужноевропскиот гасовод за испорака на руски гас од границата со Турција до централна Европа е приоритет за Грција, и оти Атина треба да продолжи со имплементација без оглед на притисокот и пречките од Европската унија.

– Вложивме многу напори, и покрај притисокот и отпорот, ние потпишавме договор со Русија за Јужноевропскиот гасовод од границата со Турција до централна Европа. Грција ќе биде во можност да оди во нов правец со независна енергетската политика, рече Лафазанис.

Тој додаде дека се уште има притисоци.

– Европската унија врши притисок и во овој момент, обидувајќи се да го запре проектот за јужноевропскиот гасовод и ја попречува неговат реализација, рече Лафазанис и го повика новото раководство во Министерството да продолжи со работа на проектот.

Би можело да ве интересира

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време