Грчкиот Парламент усвои владин предлог за разгледување на кредитните договори на земјата

Од:

Грчкиот Парламент со 156 гласа го усвои предлогот на двете партии во владејачката коалиција – СИРИЗА и Независни Грци за формирање на анкетна комисија, која ќе ги разгледува причините за ставање на земјата под надворешна контрола и ќе ги открие „виновниците“ за склучените договори со меѓународните кредитори поради кризата.

Против предлогот се изјасниле 72 пратеника од двете опозициски партии – Нова демократија и ПАСОК, а воздржани биле 22 пратеника од партијата Потами и од Комунистичката партија.

Екстремно десничарската партија Златна зора не учествуваше во гласањето, и покрај тоа што нејзиниот лидер Никос Михалолиакос претходно изјави дека неговата партија го отфрла предлогот на владината коалиција.

Премиерот Алексис Ципрас истакна дека предлогот за оваа анкетна комисија нема за цел да се бара кривична одговорност, туку да утврди дали активностите за реализирање на спасувачките договори биле со неидеолошки побуди.

– Има голем број заинтересирани граѓани во изминатите пет години кои треба да добијат одговор, иако грчкиот народ со својот глас на изборите на 25 јануари ги посочи виновниците за сегашната состојба на државата. Владата не сака да демонстрира реваншизам, туку сака да фрли светлина врз темните страни на изминатите пет години, нагласи Ципрас.

Предлогот на СИРИЗА предвидува да бидат разгледани четири критични периоди, во кои земјата договарала кредити: октомври 2009-мај 2010 (прв кредитен договор), мај 2010-ноември 2011 (втор кредитен договор), ноември 2011-мај 2012 (период на исплќање на средства преку Европскиот механизам) и периодот по мај 2012 година.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето