Горчлив вкус на увозните колачи

Од:

Хрватските производители на колачи во 2013 година произвеле 53.000 тони разни видови колачи, од кои околу 26.000 тони т.е. речиси 50 отсто биле извезени на странски пазари.

Во рамки на земјите на цела Европа, само Белгија и Швајцарија бележат толку висок удел на извозот во однос на вкупното производство.

Може да се заклучи дека познатите хрватски слатки брендови како Гриоти, Бајадера и други познати производи на повеќе големи хрватски производители од наведените производи на Краш, тука се и Кандит, Коестлин, Звечево, Подравка, Цедевита и други кои на европскиот и на светскиот пазар се одлично примени.

Сепак, хрватските кондитори не се радуваат многу на овие податоци, бидејќи се спречени тоа што паралелно се одвива друг процес, кој никако не им оди во прилог.

Хрватска како никој во ЕУ

Имено, во 2013 година на домашниот пазар се продадени над 26.000 тони кондиториски производи, а истовремено се продадено дури 68.000 тони производи од увоз. Иако Белгија и Швајцарија се познати по исклучителни извозни резултати, со оглед на вкупното производство, истовремено хрватскиот удел на домашниот пазар е само 28 отсто, т.е. дури 72 отсто од вкупната продажба е удел на странски производи, според податоците на Кондина, група која ја собира кондиторската индустрија во Хрватска.

За илустрација, ниту една земја во ЕУ, освен Хрватска, нема состојба во која увозните производи подмируваат над 30 отсто од домашниот пазар, а во Хрватска е 72 отсто. Увозот во добар дел ги поништува добрите резултати на пласманот на производите на странските пазари. Според податоците кои ги добивме од Хрватската стопанска комора, увозот на бисквити, вафли и слични производи од земјите членки на ЕУ во 2013 година пораснал на 30 отсто, додека увозот на чоколади и други производи со какао пораснал на 37 отсто.

Неповолен биланс и во БиХ

Се работи за податоци кои многу ја кочат оваа позитивна гранка на хрватската индустрија, чии производители изминатите години бележеа поголем профит од загуба. Состојбата со погубниот удел на увозните производи за домашното стопанство слична е и во БиХ.

Како што беше истакнато од Надворешнотрговската комора на Босна и Херцеговина и нивниот биланс е неповолен – лани биле извезено 19.500 тони производи, а биле увезени 50.000 тони.

Најмногу се извезувало на пазарите во Хрватска, Србија и Македонија, додека најголемиот увоз стигнува исто така од Србија и Хрватска, но и Австрија и Турција.

Општо земено, повеќето компании имаат за цел да работат глобално, вели Сергеј Папочи стручен соработник за земјоделство и прехранбена индустрија во Надворешнотрговската комора во БиХ.

Брендовите кои преживеаја од времето на Југославија

Меѓутоа, настапот на глобалниот пазар бара многу, пред се бидејќи на пазарите треба да се понудат производи какви што бараат тие.

Така, на босанскиот пазар покрај домашните производи, се наоѓаат и големи светски брендови, кои имаат свои потрошувачи.

Сепак, истакна Папочи, конзументите на кондиторските производи во БиХ останаа верни на производите на домашните компании.

– Квалитетот на домашните производи обезбеди место на босанскохерцеговските колачи на полиците во продавниците па и пошироко. Многу силни кондиторски брендови во БиХ се присутни на пазарот уште од времето на поранешна Југославија. Популарноста ја одржаа секако пред се со квалитетот на производите, како и со сеќавањата од детството кога сите како деца сме уживале во омилените вкусови на познатите, сега регионални брендови – вели Папочи.

Меѓу тие производи и производители се наоѓаат Босанскиот Локум од компанијата Клас. д.д. Сараево, Еурокрем, Чоко банана и Медењаците од компанијата Свислион Таково, Топс од Агрокомерц и слично, а истакна и некои нови компании кои се истакнуваат со квалитетни производи, како компанијата Мак Зара од Сараево, која е прва босанска фабрика за чоколадни пралини.

Иако регионалниот пазар го сочинуваат главниот удел на пазарниот колач, наведените компании исто така бележат резултати и во земјите во ЕУ, САД, Канада, Австралија и на Блискиот исток.

И Србија има свои слатки брендови кои исто така преживеаја уште од времето на Југославија. Доволно е да се спомнат Јафа бисквитите од Црвенка или Медени срца од Пионир, кои на многумина на овие простори исто така се врежани во нивното сеќавање за детството.

Но, во Србија состојбата на тоа поле е многу подобра отколку во Хрватска и БиХ. Имено, Србија повеќе извезува од што увезува.

Во текот на 2013 година извезени се над 47.000 тони, а увезени се нешто повеќе од 38.000 тони кондиторски производи.

Традиционални пазари на поранешна СФРЈ

– Кондиторската индустрија во Република Србија претставува здрав дел од прехранбената индустрија на Србија со долгогодишен квалитет во снабдувањето на домашниот пазар, но и константно присуство на странските пазари. Капацитетот на оваа гранка на прехранбената индустрија е поголем од домашните потреби, а добар дел, околу една третина годишно производство, оди за извоз – рекоа од Стопанската комора на Србија.

Како предност на српската кондиторска индустрија во Комората го истакнуваат квалитетот на производите, воведувањето на нови технологии и стандарди, кои како што велат, ги имаат и најголемите светски производители. Тие дејноста ја усогласија со европските норми и постигнаа европски квалитет на производите.

Србија, како и Хрватска и БиХ, најмногу извезува на пазари во земјите настанати со распадот на поранешната СФРЈ и тие како што велат од Комората, се нивни традиционални пазари, од кои постојано доминира пазарот на БиХ.

Но, желбата и намерата е да се зголеми присутноста на европскиот пазар, но и во светот.

На пример, четири земји од кои доаѓа најголем дел на колачи на хрватскиот пазар, пред се чоколади и производи од какао, се членки на ЕУ, Германија, Австрија, Полска и Италија.

А истовремено, иако Хрватска влезе во ЕУ, за сега сеуште извезува на пазари исто така земји на поранешната СФРЈ, БиХ, Словенија и Србија, каде хрватските производители најмногу ги извезуваат своите чоколадни брендови.

 

Ал Џезира Балкан – Сараево

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

Хрват доби казна од 700 евра за коментар на Фејсбук: Можеше да заврши во затвор

РТЛ: Бродовите во Медулин биле запалени со „Молотов коктел“

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски