Годишната инфлација во еврозоната е намалена на 0,5 отсто, а во ЕУ на 0,6 проценти

Од:

Годишната инфлација во еврозоната е намалена минатиот месец на 0,5 отсто, во споредба со 0,7 отсто во април и 1,4 проценти во мај минатата година. Во ЕУ показателот достигнал 0,6 проценти минатиот месец, наспроти 1,6 отсто истиот период лани, покажуваат податоците на Евростат.

Земји со најголема негативна годишна инфлација се Грција (-2,1 отсто), Бугарија (-1,8 проценти) и Португалија (-0,3 отсто).

Најголемо зголемување на годишната инфлација е забележано во Австрија (+1,5 отсто), Луксембург (+1,4 проценти) и Романија (+1,3 отсто).

На месечна основа инфлацијата во ЕУ и еврозоната минатиот месец изнесувала -0,1 отсто.

За зголемување на инфлацијата во еврозоната придонеле тутунските производи, рестораните и кафулињата, како и електричната енергија, а намален ефект покажале зеленчукот, овошјето и телекомуникациите.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот