Глигоров: Ако PayPal не реагира, ќе се преговара со други платежни провајдери

Од:

Ако PayPal не реагира во некој разумен рок, ќе се премине на контактирање други платежни провајдери актуелни во светот, најавува Венко Глигоров, основачот на Логин Системи и водачот на приватната иницијатива за воведување PayPal за електронска трговија во Македонија.

Во денешното писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис, Глигоров ги посочува придобивките на PayPal со отворањето на платежниот систем во Македонија.

Приватната иницијатива за воведување PayPal, потсетува Глигоров, наиде на поддршка од преку 1.000 претприемачи и професионалци, а Министерството за финансии се заложи да ја предводи државната меѓуресорска група составена од надлежните министерства, Народната банка на РМ и банкарскиот сектор.

– Целите на иницијативата се да се отворат нови можности и продажни канали на македонските претприемачи и професионалци, да се намали одливот на „мозоци“ од Македонија и да се ублажи даночната евазија заради отворање сметки на ПејПал во странство од страна на македонските граѓани и бизниси, наведува Глигоров.

Писмото што го испрати Венко Глигоров е продолжение на комуникацијата на Министерството за финансии со PayPal од летото годинава.

Би можело да ве интересира

Целосна дигитализација на административните услуги и воведување ПејПал, ветува ВМРО-ДПМНЕ

А1он

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров

Горан Наумовски

ВИДЕО: Владина делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на Трајковски и Глигоров

Наум Локоски

Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal

Ана Ололовска

СДСМ: Иванов крши Устав и закон, лажна вест е дека постапил како Глигоров

Наум Локоски

Глигоров: Има организиран грабеж на општествениот имот

Емир Латифовиќ