Ѓорѓиев: Субвенции ќе добијат и одбиените земјоделци

Од:

Владата ќе им исплати субвенции и на оние земјоделци што со програмата за 2011 година беа одбиени како последица на тоа што не ги подмириле долговите кон државата.

„Се работи за интервентна одлука, затоа што илјадници земјоделци кои не биле информирани дека доколку не ги подмират долговите кон државата нема да бидат во можност да ги добијат субвенциите, рече Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.

Земјоделците ќе добијат субвенции во висина на збирот од субвенциите предвидени со Програмата за 2012 година и износот на субвенциите за 2011 година.

„Доколку овие земјоделци не го подмират долгот кон Државата, Владата од збирната сума што треба да им го исплати по основа на субвенции, ќе го одземе износот на долговите што субјектот не ги подмирил“, објасни Ѓорѓиев.

Се продолжува и рокот за поднесување апликации за субвенции за програмата за 2012 тата година за 10 дена. Така, наместо до 21октомври, рокот сега е 31 октомври.Во програмата за 2012 година, Вадата ќе ги субвенционира и производителите на оризова арпа, но и производителите на преработена оризова арпа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи