Германски енергетски модел за Индија

Од:

Ворлд прес – Вашингтон

На Г7 самитот на кој домаќин во јуни беше Германија, германскиот канцелар Ангела Меркел беше општо пофалена затоа што ги убеди индустриските нации, како САД, Јапонија и Канада, да се согласат на заедничкото коминике за борба против климатските промени. Во него, земјите од Г7 се обврзаа да постигнат декарбонизирана светска економија до крајот на 21-иот век. Тие исто така првпат прифатија глобална цел за редукција од 40 до 70 проценти на емисиите на гасови од скалена градина до 2050 година, во споредба со нивоата од 2010 година. Средбата Г7 беше еден вид камел темелник, кој треба да го поплочи патот на одлуки за покорување кои се очекуваат на следниот конференција на Обединетите нации за климатски промени (КОП-21) која треба да се одржи во Париз во декември.

Климатските промени исто така станаа важен елемент од германската надворешна политика, земја која не се срами да ја заземе лидерската позиција во Европа и во меѓународната реалност. Некои ја критикуваа Меркел заради користење на популистички емоции, посебно по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, што доведе до промена на позицијата на нејзината партија во врска со нуклеарната енергија, и да објави целосно исклучување на земјата на нуклеарните централи до 2022 година. Но како научник по образование и поранешен министер за животна средина, таа настапи со посебен интерес по ова прашање.

Но фокусот на Германија по ова прашање датира од многу поодамна. Терминот „Енергиевенде“ или „енергетски пресврт“ беше дел од политичкиот дискурс уште од 80-ите, кој тогаш го бранеше Зелената партија. Со учество во владината коалиција од 1998 до 2005 година, Зелената партија притисна за исклучување од нуклеарната енергија, за пошироки еколошки даночни реформи, и за пионерскиот акт на Германија од 2000 година за обновливи енергии.

Два принципи се во центарот на владините напори: подобрување на ефиканоста во прозводството и употребата, и децентрализација на енергетските системи. Инвестициите кои достигнаа милијарди евра беа дадени за да се охрабрат германските домаќинства да инсталираат соларни панели и да ја продаваат произведената енерегија по фиксна и повисока цена, која се плаќа преку дополнителни ставки на сметките за струја. Со текот на времето, оваа инвестиција се исплати со нула карбон енергија и достапна по цени кои се конкурентни на енергијата произведена од фосилните горива. Според проценките, повеќе од 1,4 милиони германски домаќинства и содружништва си произведуваат своја соларна енергија или струја од ветер.

Како резултат на сето тоа, германската политика за енергија може да се пофали за создавање на масовно побарувачка и масовен пазар, посебно за соларна енергија. Во 2012 година, Германија беше осмиот најголем потрошувач на енергија во светот и силно завинса од увозот за да ги задоволи своите енергетски потреби. Денес, Германија се рангира како една од најефикасни енерегетски држави во светот, која искористува скоро 30 проценти од потребната струја од обновливи енергии.

Друг нус-производ од „енергиевенде“ денес е тоа што ноу-хау на германските компании е многу баран низ целиот свет. За да ги искористи денешните меѓународни бизнис можности, Федралното министерство за економски прашања и енергија поддржа две извозни иницијативи. Едната е Извозна иницијатива за обновливи енергии, која им помага на германските фирми, посебно малите и средните претпријатија, да достапат до странски пазари и да се рекламираат со „Мејд ин Џермани“. Другата е Извозна иницијатива за енергетска ефиканост, која им помага на германските снабдители со енергетски ефикасни производи, системи и услуги, да го извезат својот бизнис надвор од земјата – од тестирање на производи до пенетрација и култивирање на нивните таргетирани пазари.

Со текот на времето, Германија израсна во предводник во кампања која ја туркаа граѓаните, политичарите и индустријалците, за борба и намалување на климатските промени. Во декември 2014 година, кабинетот адаптираше Акциска програма за заштита на климатата 2020, за да се намалат емисите на гас во стаклена градина за најламку 40 проценти до 2020, во споредба со нивоата од 1999 година.

На КОП-21, каде се очекува присуство на 196 држави, земјите ќе дадат национално одредени предлози за целите и планоовите за климатска акција. Како еден од најголемите светски играчи за промена на климата, Индија допрва треба да ги објави своите цели за емиисии на гасови, и се очекува да го стори тоа до 30 септември. Пракаш Јавадекар, индискиот министер за животна средина, рече дека Индија ќе најави очекувани волонтерски мерки, но дека исто така ќе објави и план кој ќе произлезе од меѓународната финансиска поддршка, од размените на технологии и од инцијативите.

Индискиот премиер Марендра Моди е гласен поддржувач на ветерна и соларна енергија во Индија, а неговата влада најави амбициозни цели за остварување на ефикасност во остварување на се поголемата побарувачка на електрична енергија во неговата земја, преку алтернативни извори. Во својата мисија, германските компании и германската влада се атрактивни партнери за Индија.

Постоечките програми се прилагодуваат на новите промени на интереси. На пример, владината банка КфВ, финансираше енергетски ефикасни станбени згради во Германија. Со градежниот бум во Индија, таа ги прошири кредините линии до 56 милиони долари за националната банка на Индија за домување, како и за обезбедување на техничка помош. ГИЗ, владината агенција која оперира во име на Министерството за економска соработка и развој, соработува со индискиот Оддел за индустриска политика и промоција во Министерството за економија и индустрија, за адаптација на климатските промени во индустриските области. Оттука, климатските промени можат да станат област на индиско-германската соработка, каде технологијата „Мејд ин Џермани“, експертизата и ноу-хау ќе се совпаднат со целите на „Мејд ин Индија“ за промоција на ефикасна и одржлива иднустриска база.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Членките на Г7 заклучија: Мoсква останува „единствената пречка за праведен мир“ за Украина

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници