Германија се подготвува за можна национализација на филијалата на Газпром

Од:

Германската влада основаше холдинг компанија за да ја изврши евентуалната национализација на Газпром Германија, објави денеска германскиот весник Велт ам Зонтаг, цитирајќи владин документ.

Во април германскиот енергетски регулатор најави дека ќе управува со компанијата Газпром Германија (трговија, складирање и пренос) во интерес на Германија и Европа.

Новиот холдинг наречен Securing Energy for Europe Holding GmbH (SEEHG) е одговорен за инвестициите на компанијата, објави весникот, наведувајќи дека директорите се двајца адвокати од адвокатската фирма CMS Hasche Sigle, која одби да го коментира извештајот, повикувајќи се на обврските за доверливост.

Германското Министерство за економија соопшти дека е запознато со холдинг-компанијата и дека нејзиното основање е превентивен чекор за какви било мерки за реструктуирање.

„Тоа е мерка на претпазливост која во моментов постои само како обвивка на корпоративното право“, изјави портпаролот на Министерството за Велт ам Зонтаг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Песков: Подготвени сме да разговараме за продолжување на транзитот на гас во Европа преку Украина

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања