Георгиев: Ако сака, владата може да им помогне на вработените во ОХИС и Ремонт на пруги

Од:

„Ако владата само за момент запре со своите непродуктивни трошења, ако барем за малку ги одложи планираните средства за себе промоција, веднаш ќе обезбеди простор за да им помогне на преку илјада семејства на вработените во ОХИС и Ремонт на пруги. За исплата на нивните заостанати плати не се потребни големи парични средства, туку само добра волја од страна на Владата“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

„На стотици работници од ОХИС компанијата им должи 14 неисплатени плати, а премиерот Груевски и неговите министри не сакаат да ги удостојат работниците ниту со средба на која ќе ги слушнат нивните проблеми. Иако ОХИС е државна компанија и одговорноста за нејзините резултати е кај Владата, таа не само што нема слух за проблемите на работниците, туку и покажува невидена ароганција со тоа што дозволува неспособните менаџери кои самата ги постави на чело на фабриката, да си делат награди“, вели Георгиев.

Во исто време, своето незадоволство го изразуваат и стотици работници од Ремонт на пруги, компанија која Владата во 2008 ја продаде на сомнителен босански инвеститор, кој ги остави вработените на цедило, тврди Георгиев.

„И во овој случај, Владата одбива да ги сослуша и да им помогне на работниците, ја префрла одговорноста меѓу министерствата и се правда дека нема доволно пари во Буџетот за да се исплатат заостанатите плати. Да биде апсурдот поголем, директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски, како главен аргумент за добрата социјална состојба на граѓаните го издвојува фактот што во Македонија нема социјални штрајкови и јавен израз на незадоволство.

– Сето ова се случува, додека власта продолжува расипнички да се однесува со народните пари, кога не престанува со целосно небулозните владини кампањи и непродуктивни трошења за споменици и фасади. Малку им беше тоа, па во расипничкото трошење од вчера повторно на сцена стапија блиските партиски агенции за обезбедување, за кои секоја година ќе се издвојуваат по 120 илјади евра за да ги заштитат спомениците на „Скопје 2014“ од народот“, додава Гордан Георгиев.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали под бугарски диктат Сиљановска и министрите ги објавија сликите без знаме?

СДСМ: Ништо од ветената модернизација на училиштата во Аеродром