„Газпром“ планира изградбата на поморскиот дел на „Турски тек“ да биде под услови на проектно финансирање

Од:

„Газпром“ планира изградбата на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“ и третата и четвртата линија од „Северен тек“ да бидат извршени под услови на проектно финансирање, изјави пред новинарите финансискиот директор на компанијата Андреј Круглов, пренесува ТАСС.

Круглов нагласи дека за изградбата на двете нови линии од „Северен тек“ ќе треба да биде создадена проектна компанија.

Проектно финансирање на инфраструктурни објекти подразбира кредитирање со ограничена поддршка, чија исплата зависи единствено од средствата генерирани од самата инфраструктурна инвестиција.

Според Круглов „Газпром“ има доволно средства за изградба на поморскиот дел од гасоводот „Турски тек“. Сепак, финансискиот директор на „Газпром“ не посочи конкретни суми за тоа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on