„Газпром“: Новиот гасовод на Русија може да се вика Турски поток

Од:

Новиот гасовод, што „Газпром“ ќе го гради наместо Јужен поток може да биде наречен Турски поток, изјави денеска вицепретседателот на компанијата Александар Медведев.

Тој повтори дека Јужен поток нема да се гради и оти ќе биде реализиран друг проект, чие име наскоро ќе биде објавено.

– Има предлози да се нарече Турски поток, посочи Медведев.

На 1. декември рускиот претседател Владимир Путин при посетата на Турција изјави дека Русија се откажува од проектот Јужен поток поради неконструктивниот став на Европската унија. Тој тогаш најави дека за потребите на Турција ќе се изгради нов гасовод.

– Руското Министерство за енергетика не очекува финансиски побарувања за меѓувладините договори склучени за изградба на Јужен поток. Русија сфаќа дека државите, низ кои требаше да поминува Јужен поток сметале на инвестициските проекти, на нови работни места и на зголемување на даночните приходи. Но, да се реализра проект, за кого нема услови, е невозможно. Извршена е правна анализа на меѓувладините договори, кои беа потпишани во 2008 и 2009 година при што е утврдено дека не се договоренио финансиски казни, посочи рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on