„Газпром“ најавува огромно зголемување на цената на гасот во Европа

Од:

Рускиот производител на гас „Газпром“ денеска го претстави извештајот за работењето во првите 7,5 месеци од годината и најави дека цената на гасот во Европа во текот на зимата ќе надмине 4.000 долари за 1.000 кубни метри.

Според извештајот, извозот во земјите вон Заедницата независни држави изнесува 78,5 милијарди кубни метри, што е намалување за 36,2 проценти, додека во исто време бележи раст рускиот извоз на гас во Кина.

Производството на „Газпром“ од 1 јануари до 15 август, според прелиминарните податоци, изнесува 274,8 милијарди кубни метри гас, што е за 13,2 отсто помалку во однос на истиот период лани. Побарувачката за гас што го произведува „Газпром“ на домашниот пазар е намалена за 2,3 проценти.

Рускиот весник „Комерсант“ објави дека на крајот на јули цената на гасот во Европа почнала да расте, што сега надминала 2.000 долари за 1.000 кубни метри, а причината за тоа е намалувањето на понудата на Северен поток од страна на „Газпром“.

– Цената на гасот во Европа вчера се искачи на рекордни 2.500 долари за илјада кубни метри, надминувајќи ги вредностите од почетокот на март. Гасот е сè поскап поради високите температури на воздухот и сушата, што го отежнува транспортот на јаглен по река. Дополнително, намалени се испораките на гас од Норвешка поради поправки во производните капацитети, се наведува во текстот на „Комерсант“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он