„Газпром“ ќе му исплати на „Нафтогаз“ 4,673 милијарди долари за транзит на гас

Од:

Арбитражниот суд во Стокхолм го прифати барањето на украински „Нафтогаз” да му бидат исплатени 4,673 милијарди долари од страна на руски „Газпром“ за транзит на гас.

Имајќи го предвид барањето на „Нафтогаз” за паричен надомест од 17 милијарди долари поради намалениот транзит на гас за европските потрошувачи во однос на оној кој е предвиден со договорот, судиите го прифатија побарувањето во износ од 4.673 милијарди долари.

Неодамна, шефот на управата на украинската компанија Андреј Кобољев истакна дека „Нафтогаз“ планира повторно да купува гас од рускиот „Газпром“ веќе од овој месец.

„Газпром“ и „Нафтогаз“ од јуни 2014 година водат спор пред Стокхолмскиот арбитражен суд. Предмет на побарување се договорите за снабдување со гас од Русија и негов транзит преку Украина од 2009 година.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он