„Газпром“: Цевките од „Јужен поток“ ќе се искористат за „Турски поток“

Од:

Сите цевки, кои беа наменети за гасоводот „Јужен поток“, ќе бидат употребени за новиот Турски поток, соопшти денеска руската компанија „Газпром“.

Поставувањето на цевките за „Турски поток“ на мала длабочина под земјата ќе започне во првите десет дена од следниот месец, наведува компанијата.

Заменик претседателот на управниот одбор на „Газпром“, Виталиј Маркелов изјави дека компанијата очекува доставките на гас во 2015 година да бидат на ниво на претходната година – 450 милијарди метри кубни, наспроти планираните 485 милијарди метри кубни.

Според него, вредноста на резервите на „Газпром“ за 2014 година се зголемила за 3,3 отсто и достигнала 309,6 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во регионот Курск, оштетен e гасоводот кон Европа

(ВИДЕО) Русите ги изненадија Украинците користејќи гасовод за да ги „протнат“ војниците

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Голем интерес за тендерот за гасоводот Грција – Македонија

A1on