Гасовод Бугарија-Србија: Проект кој не ги решава проблемите

Од:

Радио Слободна Европа – Прага

Гасоводот меѓу Србија и Бугарија е идеја стара речиси 20 години, но никогаш не е направен сериозен чекор за негова реализација, вели во разговорот за РСЕ економистот и поранешен претставник на Србија во ММФ Србољуб Антиќ.

Откако бугарскиот и српскиот министер за енергетика потпишаа Протокол за изградба на тој гасовод до 2018 година, не смее да се губи предвид дека се работи само за помошен правец, никако за проект кој ги решава проблемите во гасното снабдување на Србија, или кој може да биде замена за пропаднатиот Јужен тек:

– Најважно прашање е дали воопшто има гас од тој правец, како и кој ќе се снабдува, Бугарија или Србија – вели Антиќ.
РСЕ: Прашање е чиј гас ќе поминува низ гасоводот, од Русија или од Азербејџан.

Антиќ: На некој начин добро е да постои интерконекција, но тоа не може да биде никаква замена за Јужен тек или евентуално за американскиот предлог за гасовод од некое пристаниште на Јадранското море, каде би била сместена фабрика за течен гас. Ова е еден вид чачкалица, така да се изразам, во однос на она што Србија треба да го добие. Во однос на Јужен тек. Ни Бугарија ни Србија немаат доволно гас. Овие држави не се производители на гас за да можат да го извезуваат, така изградбата на гасоводот меѓу овие држави е добар но мал потег, кој на Србија не го решава снабдувањето, ако дојде до вистински прекин на гас преку Украина во 2019 година.

РСЕ: Сепак, судејќи според она што го рече и самиот министер Антиќ, се работи за проект за кој се посакува и поддршка од ЕУ. Дали тоа покажува недвосмислена подготвеност на Србија да се адаптира на правилата на ЕУ за гасното прашање, поради што претходно беше изложена на критики?

Антиќ: Србија не беше земја која правеше проблем на ЕУ, туку обратно. Дека ЕУ направи проблем на Србија околу Јужен тек. Србија тука излезе наивна, значи ја даде Нафтената индустрија за мали пари, мислејќи дека ќе го добие Јужен тек, а не доби ништо. Она што Европа сега и го дава на Србија, тоа веројатно ќе биде повторно еден вид кредит. Едноставно Србија е во многу лоша состојба и за сега нема добри решенија во гасната стратегија. А јас само прашувам, кој тука ќе дојде да инвестира ако знае дека за четири години доводот на гас во Србија ќе биде спорен? Тоа е најважното прашање за Србија. И поради тоа се измислуваат работи кои постоеја пред 15 или 20 години, како еден вид спасоносни идеи.

РСЕ: Дали така се доаѓа до заклучок дека Протоколот кој го потпишаа министрите на Србија и Бугарија пред се имаше за цел пропаганден ефект?

Антиќ: Ако го споредиме она што Јужен тек беше за Србија и сега гасоводот Ниш-Димитровград, тоа ви е како свечено да отворите лифт во некој старски дом. Овој потег кој беше отворен веќе 15 или 20 години, никогаш не беше повлечен. Но, тоа не е стратешки потег кој го решава прашањето на снабдување на Србија со гас, во случај на прекин на довод преку Украина. Едноставно Србија за сега нема добро решение и на некој начин за тоа најмногу треба да се обвини ЕУ. Донекаде и себе, но уште повеќе ЕУ, која сличен проект кој оди преку Германија не го спречи. Зборувам за Северен тек.

Би можело да ве интересира

РСС: Речиси 14 отсто од вработените во Западен Балкан се во туризмот

Одаловиќ: Договорена заедничка регионална листа на исчезнати лица

Хоџај: Односот на ЕУ кон регионот ќе се види кога ќе треба да ги започне преговорите со Скопје и Тирана

Во БиХ најевтин, во Словенија најскап бензинот во регионот

Наум Локоски

Косово се откажа од приемот во УНЕСКО

Наум Локоски

Грчката полиција заплени 210 килограми, а италијанската 760 килограми албанска марихуана

Емир Латифовиќ

Leave a Comment

eleven − 3 =