ФТ: Зголемена побарувачка за луксузни часовници на богатите Кинези

Од:

Кинеските инвеститори, кои до неодамна беа многу ентузијасти за инвестирање во секторот на недвижности, сега го насочуваат своето внимание кон луксузни стоки, особено скапи часовници, соочени со економското забавување и мерките на Си Џинпинг против пазарните шпекулации во градежната индустрија.

Неколку продавачи на часовници од високата класа изјавија за Фајненшл тајмс дека бизнисот почнал да добива на интензитет во последниве месеци бидејќи богатите поединци престанале да купуваат недвижен имот и наместо тоа ги трошеле дополнителните пари на луксузни часовници како што се Rolex и Patek Philippe.

Експертите велат дека купувањето придонело за 40 отсто зголемување на кинескиот увоз на швајцарски часовници во првите 10 месеци од оваа година. Октомвриско истражување на 1.500 возрасни Кинези со повеќе од 500.000 јени (78.370 долари) годишен приход на домаќинството, спроведено од консултантската компанија CSG Intage со седиште во Хонг Конг, покажа дека 88 отсто од испитаниците планираат да ги задржат или зголемат трошоците во следните 12 месеци за луксузни часовници, што чинат во просек од 76.700 јени.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија