Франсоа Оланд – “цар без облека”

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд е наречен “аматер” и спореден е со “царот без облека”, откако Уставниот суд го отфрли данокот од 75 отсто за богатите.

Уставниот суд објави пред два дена дека новата даночна стапка “не ја признава еднаквоста пред јавниот товар”, бидејќи, за разлика од другите форми на данок на доход, се однесува на поединци, а не на домаќинствата. Судот исто така го отфрли новиот метод на пресметка на данокот.

“Кралот е гол. Несомнено, дождот и понатаму паѓа на претседателот”, пишува “Žurnal du dimanš”.

Поранешниот министер за економија Жан Арто рече дека одлуката на Уставниот суд “ја казнува догматската заслепеност на владата и аматеризмот.”

Даночната стапка, која требаше да стапи во сила на почетокот на годината, предизвика огорченост кај бизнисмените, додека некои од најбогатите граѓани ја објавија својата намера да ја напуштат земјата.

Актерот Жерар Депардје стана главен протагонист во битката на побогатите граѓани, бидејќи се откажа од државјанството и најави заминување во Белгија. Тој денес рече дека и покрај одбивањето на даночната стапка, не сака да се врати во Франција.

Владата, во обид да го зачува имиџот, тврди дека одлуката на судот е усмерена на техничките проблеми на примена на данокот и дека новата усвоена мерка, која е многу слична на оригиналната, ќе биде претставена во текот на наредната година.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз