Француската компанија „Карфур“ се повлекува од пазарот во Индија

Од:

Француската компанија „Карфур“ која располга со еден од најголемите синџири на супермаркети во светот, одлучи да се повлече од пазарот во Индија, после неполни четири години откако беше отворен првиот супермаркет во оваа азиска земја.

Индија за прв пат во 2012 година, дозволи странски компании да отвораат супермаркети, но Владата во Њу Делхи воведе низа предуслови за добивање дозвола за работа.

Странските компании мора да прифатат снабдувањето да го вршат од локални извори и да прифатат инфраструктурни инвестиции, но ниту тоа не е гаранција за влез на индискиот пазара, затоа што конечната одлука им е оставена на владите во индиските сојузни држави.

Ваквите остри мерки, индиските власти ги оправдуваат со намерата да се заштитат бројните мали индиски трговци и нивните продавници кои доминираат во Индија.

Пазарани експерти во Њу Делхи, меѓутоа, оценуваат дека поставувањети голем број предуслови на кои инсистираат властите, му штетат на бизнисот, затоа што ги одвраќаат големите и богати странски компании да влезат на индискиот пазар.Засега е познато дека само една странска компанија, британската „Теско“ има намера да отвори свои супермаркети во Индија.

Индиската партија ВЏП која победи на неодманешните парламентарни избори и ја формира сегашната индиска Влада, се противи на влегувањето на големите трговски компании на домашниот пазар и на отворањето нивни супермаркети по индиските градови.

Француски „Карфур“ се наоѓа во фаза на преиспитување на својата стратегија, настојувајќи да се повлече од пазарите када се бележат послаби резултати, како што се Малезија и Сингапур во Азија и пазарот во Грција, во Европа.

Претставник на компанијата објасни дека францускиот трговско-производен гигант се свртува кон пазарите во Европа, како и кон Кина и Бразил.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток