Франција свика итен состанок на Г20

Од:

Франција свика итен состанок на групата Г20 најразвиени земји за да расправаат за зауздување на осцилациите на цените на житариците на пазарите. Состанокот би требало да се одржи на 16.октомври во Рим,на Светскиот ден на храната.

Претходните денови Париз изнесе неколку предлози за заузадување на силните осцилации на цената на храната,вклучувајќи формирање на стратешки резерви и запирање на одлуката за појачана примена на биогоривата за чие производство како суровина се користат прехрамбени култури.

Цените на пченката и сојата достигнаа рекордни височини поради најголемата суша во САД во повеќе од 50 години,а потребните количини дожд во Русија и во останатите земји извознички во регионот на Црно море беа скудни. Поради тоа почна да се стравува од нова светска криза за храна,слична на онаа од 2008.

Австралија како голем извозник на пченица веќе ја отклони иницијативата за формирање на стратешки резерви, освен за хуманитарни цели.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски