Франција издвојува 200 милиони евра за уништување на вино

Од:

Француската влада ќе одвои 200 милиони евра за уништување на вишокот вино и поддршка за производителите поради падот на побарувачката за овој пијалок. Се повеќе луѓе пијат пиво, а индустријата има проблем со хиперпродукција, јавува Би-Би-Си.

Најголем дел од парите ќе бидат искористени за купување на вишок залихи, а алкохолот ќе се продава за употреба во производи како средства за дезинфекција на раце, средства за чистење и парфеми.

Истовремено, финансиска помош ќе имаат лозарите за преминување на други производи, како што се маслинките.

Според податоците на Европската комисија, до јуни годинава потрошувачката на вино е намалена за седум отсто во Италија, за 10 отсто во Шпанија, за 15 отсто во Франција, за 22 отсто во Германија и за 34 отсто во Португалија, додека производството во нивото на Европската унија се зголеми за четири отсто.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето