Граѓаните се собраа пред Министерството за финансии, точно на пладне и го почнаа протестниот марш „НЕ за неуставните закони за хонорарците!“.
Тие се упатуваат кон Уставниот суд каде ќе поднесат претставка за неуставноста на законите потпишана од 7 илјади граѓани.
Демонстрантите меѓу кои има актери, преведувачи, новинари и други професионалци кои се хонорарци, извикуваат „Апаши“, „Лопови“, Не ви плаќаме“, „Нема правда, нема мир“, „Социјална правда“, „Придружете се“ и со транспаренти на кои пишува: „Ограбуваме 24/7 Влада на Р.М.“, „Не живееме, преживуваме“, „Не за неуставните закони за хонорарците“.
А.Б.