Форум „Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициска дестинација”

Од:

На иницијатива на Стопанската комора на Македонија, а со поддршка на Одборот за надворешна трговија и Унијата на трговско-индустриските комори и стоковни берзи на Турција, денеска ќе биде одржан Форум на тема „Земјите од Западен Балкан – регионална инвестициона дестинација и заеднички настап на трети пазари”.

Форумот, ќе го отворат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и министерот за економија Ваљон Сарачини.

Овој форум е прв ваков настан на којшто ќе бидат претставени согледувањата на Република Турција, ЕУ и ЕБРД во однос на идниот развој и перцепцијата за Западен Балкан, како единствена бизнис и инвестициона дестинација.

Освен тоа, ќе се согледаат можностите земјите од Западен Балкан, преку Турција, да се вклучат во глобалните трговски и инвестициони дестинации.

На оваа тема свои излагања ќе имаат копретседателите на деловните совети на Албанско-турскиот, Босанско-турскиот, Косовско-турскиот, Македонско-турскиот, Српско-турскиот, Хрватско-турскиот и Црногорско-турскиот деловен совет.

На Форумот ќе бидат презентирани германските саеми во функција на унапредување на економијата во регионот.

Би можело да ве интересира

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

A1on