Формирано Здружение на сомелиери на Македонија

Од:

Македонија доби национално здружение на сомелиери кое ќе работи по програма на  една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот, италијанската AIS (Associazione Italiana Sommelier).

Едукација на угостителско – туристичкиот персонал за виното е една од суштинските цели на новоформираното Здружение на сомелиери на Македонија.

Ова, како што истакнуваат од Здружение на сомелиери на Македонија, претставува еден вид на мост меѓу винариите и крајните конзументи во угостителско – туристичкиот сегмент кој што резултира со главната мисија: подигање на квалитетот на услугата во угостителството како и развој на винската култура преку квалитетен вински сервис, правилен избор на фини вина, спарување со храна, во насока на една взаемна корист и за винарите преку професионално претставување на нивните вина, но и за конзументите преку дополнителна грижа околу нивниот вистински избор. Алка која долго време недостасува во македонското угостителство.

Наредната недела по прват во Македонија ќе се одржи обука за Сомелиерско ниво 1 од страна на потпретседателот на AIS Роберто Белини кој важи за еден од највлијателните сомелиери во Италија. Обуката ќе се одржи во конференциската сала на ресторанот Воденица во Скопје и ќе трае 5 дена по 7 часа дневно.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година