На самитот на земјите-членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република) е формиран Деловен совет изјави денеска претседателката на Бразил Дилма Русеф на работниот појадок со претставниците на овие држави.
– Деловниот совет ќе овозможи помош за изградба на ефикасен повеќестран инвестициски план и развој на соработката на стопанствениците во различни области на работење во согласност со долгорочната програма за стратешка соработка на земјите од БРИКС, изјави еден од руските членови на Деловниот совет, претседателот на Трговско-индустриската комора на Русија, Сергеј Катиринза.
Конкретните предизвици, од негова гледна точка се меѓусебното дејствување во областа на енергетиката и промоција на зелените технологии.
Министрите за финансии на земјите од БРИКС не успеаја вчера да ги усогласат клучните прашања кои се однесуваат на Равојната банка на организацијата, изјави министерот за финансии на Русија, Антон Силуанов.
Според него министрите не можеле да се договорат околу износот на капиталот и размерот на придонесот на поединечни земји, односно околу тоа дали тој треба да биде пропорционален на големината на земјата или уделите на земјите треба да бидат еднакви.
– Се договориме да продолжиме со работа, а решението ќе биде донеснео на ниво на шефови на држави, додаде рускиот министер. Тој појасни дека е предложено за споменатиот проект да се утврди капитал во износ од десет милијарди долари, кои поделени на еднакви делови изнесува по два милиони долари за секоја земја.
Земјите од БРИКС на самитот разговараа и за формирање на фонд за меѓудржавна помош, односно заштитен механизам. Станува збор за фонд од сто милијарди долари, со помош на кој во случај на влошување на платниот биланс на некоја земја, останатите би можеле да пружат меѓудржавна поддршка, додаде Силуанов.
Тој појасни дека во овој случај не се работи за буџетски средства, туку за пари на централните банки, што значи дека секоја банка може да резервира дел од златните резерви, кој во вид на своп би можеле да бидат дадени како поддршка за платниот биланс на некои земји.
Силуанов нагласи дека прашањето за заштитен фонд се уште се наоѓа на низок стадиум на разработка и оти неговото разгледување ќе продолжи во април на самитот на министрите за финансии на Г-20 во Вашингтон.
Годишниот самит на БРИКС почна вчера во Јужноафриканската Република, а освен земјите-членки учествуваат и бројни претставници на африканските земји.