Фокусот кон вработените на прво место – Флекс Кредит организираше незаборавен тим билдинг за своите вработени

Од:

Флекс Кредит како водечка компанија во финансиската индустрија, неодамна организираше неколку возбудливи настани за вработените кои беа поделени во неколку групи, чија цел беше подобрување на соработката, комуникацијата и целокупниот тимски дух во компанијата.

Настанот кој беше наменет за колегите од Дирекцијата и колегите од трговската структура од Северно – Западниот реон , се одржа во The Beetles Club Скопје, каде што вработените уживаа и се дружеа со цел градење на позитивна работна средина. Паралелно во Струга и Дојран се организраа уште два тим билдинзи за колегите од Источниот и Јужниот реон.

Настаните опфатија активности дизајнирани да ја поттикнат тимската работа, решавање на проблеми и креативност. Од возбудливи предизвици на отворено до интерактивни групни вежби, вработените имаа низа динамични искуства кои ја истакнаа моќта на соработката и силата на единството.

„Силно веруваме дека кохезивен и ангажиран тим е основата на успехот на нашата компанија. Овој настан овозможи вработените да се дистанцираат од секојдневните рутини и да изградат поцврсти врски со своите колеги“, кажуваат од Секторот за човечки ресурси и Регинолните Менаџери на Флекс Кредит кои дадоа се од себе, за на својот тим да му овозможат едно прекрасно искуство .

Посветеноста на Флекс Кредит цели кон поттикнување позитивна работна средина и негување на силни тимски врски, водејќи се со мислата дека ангажираните и мотивирани вработени се движечката сила на успехот како и континуирано инвестирање во иницијативи кои промовираат тимска работа, развој на вработените и просперитетна корпоративна култура.

Флекс Кредит е небанкарска финансиска компанија специјализирана за издавање на краткорочни заеми, со фокус на иновациите, квалитетот и креирање на позитивно корисничко искуство. Компанијата се етаблира како лидер во индустријата, користејќи ја експертизата на својата талентирана и амбициозна работна сила, продолжуваме со испорачување на исклучителни производи/услуги на клиентите во Република Македонија.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Флекс кредит“: Доверлив и безбеден процес на идентификација и заштита на личните податоци

Грижа и дополнителна мотивација: „Флекс Кредит“ награди 20 вработени со ваучер за летен одмор

Флекс Кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството

А1он

Флекс кредит додели наградно патување на припадничките на понежниот пол

Флекс кредит лансира нов кредитен производ со 0% камата на 2 рати

Катерина Ѓуровски

“Флекс Кредит ја оддржа III-тата Национална Трговска Конференција”

Катерина Ѓуровски