Флекс Кредит, небанкарска финансиска компанија, која е позната како вистински бизнис лидер во финансиската индустрија, традиционално и оваа година во јули во Хотел Дрим, Струга организираше Трговска конференција на која учествуваа повеќе од 200 вработени и припадници на интернационалната мрежа на оваа компанија.
Од почетокот до крајот, настанот беше исполнет со стимулирачки презентации и мотивациски сесии од страна на секторските раководители и експерти од индустријата, кои ги презентираа извонредните компаниските перформанси од првата половина од 2023 година како и новитетите кои Флекс Кредит планира да ги воведе до крајот на оваа година.
Конференцијата ја отвори Генералниот директор и ко-сопственик на компанијата Горан Арсов со предавање на позицијата Генерален директор на Јоана Спасовска, дотогашен Директор за продажба, нагласувајќи дека неговата функција продолжува кон фокус на развојот на Флекс Кредит кон останати меѓународни пазари.
Јоана Спасовска е дел од компанијата од самите почетоци и како млад професионалец се има истакнато во своето досегашно работење градејќи ја својата кариера во Флекс Кредит и минувајќи нис сите скалила во компанијата, започнувајќи како Менаџер за развој, преку Трговски менаџер, Директор на продажба, Советник на Управен одбор за развивање на меѓународни пазари на Флекс Кредит па се до новата позиција – Генерален директор. Низ годините има создадено тим кој успеа за рекордно кратко време да ја направи компанијата најуспешно финансиско друштво, оставајќи ја конкуренцијата далеку зад себе.
Акцентот на Конференцијата освен на резултатите и новитетите беше ставен и на доделување на парични ваучери за летување на колегите со најдобри резултати од продажната мрежа, контакт центарот и наплатниот сектор.
Овој настан беше одлична прилика за доделување на плакети за Јубилеи од 3 години на колегите кои се во компанијата, за нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам давајќи огромен придонес во градењето на успехот на компанијата.
Трговската Конференција е настан каде што вработените освен официјалниот дел имаат можност и за релаксација, дружење и подобро меѓусебно запознавање, се со цел воспоставување подобри конекции и јакнење на тимскиот дух, кои се клучни нешта за надминување на секојдневните професионални предизвици и исполнување на поставените цели.
ПР текст