Финската енергетска компанија пред банкрот поради високите цени на струјата

Од:

Финската компанија за електрична енергија „Карху Воима“ денеска соопшти дека поднела барање за стечај поради големото поскапување на струјата, со што нивниот бизнис е нерентабилен.

Компанијата наведе дека пред оваа одлука разгледувале различни опции за подобрување на состојбите, меѓу кои и спојување со матичната компанија „КШ Енерџи“, но дека и таквиот потег нема да биде доволен за да се избегне банкрот.

„Со оглед на зголемувањето на цените на енергијата за претстојната зима, условите за продолжување на бизнисот не се можни. Поднесувањето барање за стечај беше неизбежно“, рече извршниот директор Оли-Пека Рантала.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија трупа војска на границата со Финска

Данска и Франција за ограничување на поскапувањето на енергенсите

Шведска и Финска подготвуваат милијарди евра за компаниите поради поскапувањето на струјата

А1он

Финска ќе го намали данокот за струја и ќе ги субвенционира сметките во текот на зимата

Ана Ололовска

Гасум: Русија неделава може да ја прекине испораката на гас за Финска

Ана Ололовска

Османи: Македонија поддржува влез на Финска и на Шведска во НАТО

Катерина Ѓуровски