Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП) – десет години успешна соработка во Македонија

Од:

Иновации во тутунската индустрија, производството на брендови на ФМИ за потребите на над девет странски пазари, финансиска консолидација на ТКП, зголемена ефективност и продуктивност се само дел од придобивките од 10 годишното партнерство помеѓу ФМИ и ТКП. Ова партнерство донесе голем број придобивки за локалната заедница и за Македонија, поставувајќи ја земјата на мапата на инвестиции на гигантот во тутунската индустрија. Брендовите кои се произведуваат во ТКП се извезуваат на девет пазари, меѓу кои и земји од ЕУ а во подготовка е уште еден.

„Десетгодишното партнерство меѓу ФМИ и ТКП е пример за позитивното влијание што силните меѓународни соработки можат да го имаат врз економијата и заедницата”, изјави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски додавајќи дека “заедничките напори не само што ги унапредија нашите индустриски капацитети, туку создадоа и нови можности за тутунскиот комбинат кој успеа од загубар да стане профитабилна компанија“.

Соработката на компаниите резултира со позитивни резултати врз економијата, воедно овозможувајќи имплементација на напредни производствени процеси и инвестиции во најсовремена опрема.

„Навистина сме задоволни од постигнатото со ТКП во изминатата деценија. Заедно направивме голема промена во работата на ТКП и поставивме нови стандарди во индустријата во Македонија. Покажавме дека во Македонија имаме вистински партнер и дека оваа соработка ќе се продлабочува. Нашето партнерство е изградено врз меѓусебна почит, споделени вредности и заедничка визија за иновации и напредок”, изјави Иван Костиќ генерален директор на ФМТКП.

За ТКП ова партнерство донесе стабилност на Комбинатот и влијае позитивно на локалната заедница.

„Одбележувањето на десет години соработка со ФМИ е значаен јубилеј за нас,” изјави Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трипуновски при посетата на Тутунскиот Комбинат Прилеп. „Ова партнерство ни овозможи да ги подобриме нашите производствени капацитети, да усвоиме најсовремени технологии и да ги подигнеме нашите оперативни стандарди. Благодарни сме за поддршката и со нетрпение очекуваме многу повеќе години заеднички успех.”

„Среќни сме на оваа соработка и се надеваме дека ќе се продлабочи и во следните години и ќе донесе до уште поголеми резултати, за унапредување на работата на комбинатот но и за локалната заедница“, истакна Александар Алексовски, генерален извршен директор на Тутунски комбинат Прилеп.

Би можело да ве интересира

Заев-Олчак: Македонија има одлична бизнис клима и можност за развој на компаниите кои се ориентирани кон иновации

А1он

Договорен откупот на вишокот тутун, Тутунски комбинат Прилеп да преземе 700 тони

Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава

Ана Ололовска

Тутунски комбинат Прилеп очекува да ја заврши годината со добивка

Донација во училиштето Ристе Ристески од 80 илјади американски долари и модернизација на ТКП

Наум Локоски

Анѓушев: Основите на индустријализацијата на Македонија се поставени – инвестициите во квалитетно образование се следен чекор

Наум Локоски