„Фигаро“: Кризата во Франција ја намали димензијата на пицата

Од:

Сметките во пицериите во Франција се намалени за една година просечно за три отсто, а пицата загубила речиси еден сантиметар од својата големина, покажуваат резултатите од едно истражување кое опфатиле 113 пицерии.

Поради зголемување на данокот некои тутунски производители го намалиле бројот на цигари во кутиите, а поради кризата голем број пицерии се одлучиле да ја намалат димензијата на пицата, пишува францускиот весник „Фигаро“.

Во истражувањето кое минатиот месец го спроведе маркетиншката агенција ЦХД, се наведува дека димензијата на пицата за една година од 32 сантиметри е намалена на 31,3.

На прв поглед тоа не изгледа многу, меѓутоа, треба да се има предвид дека на тој начин пицата загубила од својата големина дури 4,3 отсто, на штета на клиентот.

Истовремено, намалувањето на просечниот износ на сметката (без пијалок) изнесува три отсто, односно од 13,4 на 12,9 евра.

Ова истражување открива и дека секој Французин јаде околу 20 пици годишно, што ја доведува земјата во позиција на втор светски пазар на овој производ, зад САД, а пред Италија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз