Фич и Стандард и Пурс ја намалија проценката на долгот на Венецуела

Од:

Агенција за кредитен рејтинг Фич ја намали оценката на солвентноста на Венецуела до „Ц” , откако венецуелската влада најави средба со кредиторите.

Фич потсетува дека Венецуела веќе ги пропуштила роковите за плаќање во време на тешка политичка и економска криза. Во комбинација со вчерашната владина најава, агенцијата верува дека „несолвентноста е многу веројатна”.

Стандард и Пурс, исто така, ја намали својата проценка за долгот на Венецуела, која се движи од „ЦЦЦ-” до „ЦЦ” . Таа агенција ја образложува одлуката со фактот дека Каракас може да го пропушти плаќање или да најави операција за реструктуирање на долгот, „еднаков на банкрот во следните три месеци”.

Венецуела во четвртокот најави реструктуирање на својот надворешен долг, проценет на 155 милијарди долари, за да се избегне несолвентност. Вчера земјата најави состанок со своите доверители на 13-ти ноември во Каракас.

Вчера Меѓународниот монетарен фонд потсети дека Венецуела ги прекршува правилата на оваа финансиска институција, која со години нема пристап до целосните економски податоци на земјата.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски