„Фич“: Фундаментите на банкарскиот сектор на Северна Македонија и натаму се здрави

Од:

„Фундаментите на банкарскиот сектор на Северна Македонија и натаму се здрави“ – истакна агенцијата „Фич“ соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ+“, со стабилен изглед. Меѓу другото, агенцијата наведува дека секторот е прилично добро капитализиран и дека на крајот на вториот квартал на оваа година, стапката на основен капитал достигна 15,8%. Истовремено нагласено е и дека нивото на нефункционалните кредити е умерено и дека нивната покриеност со резервации од банките е висока.

Во контекст на позитивната оцена за банкарскиот сектор, „Фич“ се осврнува и на растот на депозитите и на кредитите. Притоа, одделно е посочено зголемувањето на учеството на денарските во вкупните депозити. Кај кредитната активност, за следната година, агенцијата очекува раст од 8,5%.

Инаку, за потврдувањето на кредитниот рејтинг „ББ+“, со стабилен изглед, „Фич“ наведува и дека првенствено се должи на кохерентноста на макроекономската и финансиската политика, којашто ја поддржува стратегијата на фиксен курс на денарот во однос на еврото, како и на показателите за управување, за човечки капитал и за околина за водење бизнис, коишто се подобри во однос на просекот „ББ“. Соопштувајќи го ова, агенцијата подетално ги претстави и своите видувања за македонската економија во целина, како и очекувањата за претстојниот период.

Би можело да ве интересира

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите

Катерина Ѓуровски

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Народна банка: Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови