Фероинвест: Учествуваме на тендери каде може да понудиме квалитет по соодветна цена

Од:

„Во јавноста деновиве се споменуваше името Фероинвест за тендерот за набавка на транспортни ленти во ЕЛЕМ, но никој не побара став од компанијата иако и досега и понатаму сме целосно транспарентни во комуникацијата со јавноста. Би сакале да ја дадеме следната реакција:

Компанијата Фероинвест во конзорциум со турската компанија Озербанд ќе се наддава на тендерот на ЕЛЕМ за транспортни ленти во РЕК Битола. Нашата компанија изминатите години учествува на тендери каде може да понуди квалитет по соодветна цена, самостојно или со партнерска компанија. Во склопот на Фероинвест работат неколку компании со околу 800 вработени, кои по својата експертиза имаат меѓународно искуство и пласман на производите на светски пазари. Компанијата, изминативе две децении постави стандарди и е пример за современа деловна профилираност во областа на металната индустрија и енергетиката во Македонија. Фероинвест работи според европски стандарди, квалитетот е препознаен на меѓународните пазари, каде во моментов извезуваме во 22 држави. Како водечка компанија во овие сегменти и стратешките деловни проекции на домашниот и странскиот пазар, компанијата ќе продолжи да работи соодветно на досегашната практика со целата своја експертиза и професионалност како и досега, во интерес на своите вработени. Учеството на тендери во Македонија е право на секое правно лице кое ќе докаже со документација и со референти проекти дека може да ја изврши работата. Тоа право ќе го користиме секогаш кога ќе може да понудиме квалитет со соодветна цена. Целиот процес на работа на нашите компании е јавен и транспарентен, посебно кога станува збор за нашиот холдинг кој постои речиси две децении, а каде г-динот Кочо Анѓушев не е дел од ниедна раководна позиција во овие компании.

Соодветно на нашето транспарентно работење и понатаму остануваме отворени за секое понатамошно прашање на оваа тема“ се вели во соопштението на Фероинвест.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

800 гости на корпорацискиот прием на Феро Инвест и Брако

Корпоративен прием по повод јубилејот 20 години ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ

„Фероинвест“ со нова услуга за чистење на кровни фотоволтаици за повисоко производство на панелите

Горан Наумовски

Тодор Анѓушев на конференција на „Марес“: Потребни се брзи законски измени за да може вишокот електрична енергија да се складира во батерии