ФЕРО ИНВЕСТ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98 отсто помали сметки за струја

Од:

ФЕРО ИНВЕСТ започна со изведба на Батериски системи за домаќинства, како начин за драстично намалување на месечните сметки за електрична енергија на домаќинствата кои имаат голема потрошувачка.

Со батерискиoт систем на ФЕРО ИНВЕСТ, кој содржи интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со енергијата, објектите стануваат независни од електричната мрежа и имат напојување дури и кога ,,нема струја”, односно во случај на дефект во мрежата.

Како функционира системот?

Софтверското решението на ФЕРО ИНВЕСТ, кое е сопствено дело на инженерите на компанијата и е развивано во последните две години, во моментот претставува единствен модел за правилно дневно распоредување и целосно искористување на вишокот електричната енергија добиена од сонце, со што батерискиот систем работи според потребите на корисникот и остварува најголеми заштеди. Софтверското решение може да се примени на домаќинства, комерцијални згради, објекти од индустријата и електрани од обновливи извори.

Фотоволтаични панели поставени на објектот се поврзуваат со батерии и заедно се врзани за ПЛЦ управување, а по барање на клиентот може да бидат поврзани и со центарот за мониторинг на ФЕРО ИНВЕСТ.

Решението обезбедува енергетска независност на објектот. Имено, во текот на денот, кога постои поволно сончево зрачење, произведената електрична енергија веднаш се користи за неопходните потреби, а вишокот оди во батериите. Попладне и ноќе, кога нема сонце, а кога цените на струјата се далеку повисоки, наместо да се влече електрична енергија од мрежа, се користи складираната енергија од батериите, со што се прават огромни заштеди. Во објектот има панел на кој корисникот постојано ја следи потрошувачката на енергија, залихата во батеријата, влечењето енергија од мрежа и неговата сопствената заштеда.

Големи заштеди и енергетска независност

Пресметките покажуваат дека со инсталација на еден батериски систем со вклучено софтверското решение на ФЕРО ИНВЕСТ, домаќинствата и малите бизниси може да ги намалат своите сметки за електрична енергија и до 98%.

Нашата компанија веќе има инсталирано батериски системи во објекти, со кои се докажа дека домаќинствата може да бидат над 90% енергетски независни од мрежата.

Домаќинствата кои со својата потрошувачка го надминуваат Блок 2 и влегуваат во Блок 3 и Блок 4, а особено оние на кои значаен дел од потрошувачката им е во Блок 4, се домаќинствата кои ќе имаат најголема корист од батериските системи. ФЕРО ИНВЕСТ нуди батериски системи и за домаќинствата кои веќе имаат инсталирано фотоволтаични панели, а за оние кои немаат, ФЕРО ИНВЕСТ нуди „клуч на рака” решение и изведба и за фотоволтаиците.

Систем креиран посебно за секој потрошувач

Системот се прилагодува на потребите на корисникот, и батеријата се сетира да дава енергија според приоритетите на потрошувачка кои ќе ги избере корисникот, се’ со цел што помалку или воопшто да не се повлекува енергија од мрежата.

Најголемите поволности од системот се големата заштеда, односно потрошувачот е заштитен од високи сметки, како и енергетската независност на објектот.

Препознавајќи ја важноста која оваа инвестиција ја има за енергетската транзиција, банкарскиот сектор е отворен за кредитирање на овие инвестиции, како со домашни средства, така и со посебна кредитна линија на Европската инвестициска банка преку македонските банки.

Би можело да ве интересира

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

(ВИДЕО) Феро Инвест изгради фотонапонска електрана на покривот на „Веро Центар“

Горан Наумовски

Фероинвест прдолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

Феро Инвест/Централ Инвест и БРАКО се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост – цистерните на Биогасната електрана Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони од штетната материја од езерската површина

800 гости на корпорацискиот прием на Феро Инвест и Брако

Корпоративен прием по повод јубилејот 20 години ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО