(ВИДЕО) Феро Инвест изгради фотонапонска електрана на покривот на „Веро Центар“

Од:

Веро Центар доби кровна фотонапонска електрана благодарение на која до 40% од својата потрошувачка на електрична енергија од мрежа ќе ја замени со електрична енергија произведена од сонце.

Веро центарот, кој е лоциран во центарот на Скопје, ќе ја користи кровната електрана за своите сопствени потреби, што беше основна идеја на инвеститорот кога се обрати до Феро Инвест за изведување на проектот.

Електраната со инсталирана моќност од 730 kW е поставена и пуштена во пробна работа во рок од два месеци во текот на летниот период, во услови на топлотен бран, но со засилено темпо на работа од страна на инженерите и техничарите на Феро Инвест и ЕМС, со цел клиентот да може што повеќе да искористи од периодот на поволно сончево зрачење за производство на електрична енергија.

Со овој проект, компанијата Верополус Груп се постави во редот на еколошки ангажирани компании кои инвестираат во енергетски проекти значајни за енергетската транзиција на државата, и кои долгорочно носат финансиска заштеда за инвеститорот.

Феро Инвест нуди изградба на електрани од обновливи извори по принципот клуч на рака, односно од нивно проектирање, изградба, пуштање во употреба, па се до обезбеден откуп на енергијата и 24-часовен мониторинг и одржување на електраната.

Би можело да ве интересира

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Фероинвест прдолжува со изградба на фотонапонски електрани за клиенти, пуштена нова во Ресен

ФЕРО ИНВЕСТ почна со изведба на батериски системи за домаќинства, до 98 отсто помали сметки за струја

Феро Инвест/Централ Инвест и БРАКО се вклучија во чистење на велешкото езеро Младост – цистерните на Биогасната електрана Биоентерпрајз за еден ден извлекоа 60 тони од штетната материја од езерската површина

800 гости на корпорацискиот прием на Феро Инвест и Брако

Корпоративен прием по повод јубилејот 20 години ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО