Фармерите уверуваат: Кравите користат домашна сточна храна

Од:

Храната која домашните фармери им ја даваат на кравите претежно е од сопствено производство, соопшти Федерацијата на фармери на Република Македонија.

ФФРМ направи анализа за евентуално користење на сточната храна од увоз, со оглед дека беа пронајдени токсични материи и во сточната храна во земјите од регионот од каде и најмногу се увезува во Македонија.

„Со оглед дека нашите фармери се мали, најголемиот дел од храната која им се дава на кравите е од сопствено производство или пак се обезбедува од други фармери кои произведуваат житни култури особено пченка“, стои во соопштението.

Во соопштението се наведува дека членовите на Федерацијата на фармерите кои се занимаваат со производство на млеко се наоѓаат најмногу во полошкиот и пелагонскиот регион кој има поволни услови за одгледување на житни култури. Исклучок може да биде краткиот период во пролетните месеци кога може да се јави недостаток и потреба од купување на сточна храна, најчесто трици и концентрат, а во гостиварскиот регион има пракса и самата млекара да дава сточна храна која е произведена од домашни производители.

ФФРМ во последните две години работеше со своите фармери членки за подобрување на квалитетот на млекото преку размена на искуство, во соработка со Француската организација АФДИ и домашни експерти. Со овој проект биле реализирани и практични обуки за едукација и информирање на фармерите за подобрување на квалитетот на млекото. Федерацијата изработи и прирачник за подобрување на начинот на производство на безбедно и квалитетно млеко.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски

Домашната пченица е 19 денари, а државата увезува по цена од 28 денари за стокови резерви, обвинуваат фармерите

A1on

Холандската влада ќе разговара со фармерите за планот за намалување на емисиите на штетни гасови

А1он

Федерацијата на фармери со барања и препораки пред почетокот на жетвата

Ана Ололовска

Сточарите се уште ги чекаат субвенциите, најавуваат блокади на патиштата

Ана Ололовска

Димовски: Фокусот е да се задржат пазарите на кои се пласира македонското јагне

Ана Ололовска