Фармери од Македонија на „Фруит логистика“ во Берлин

Од:

Федерацијата на фармери на РМ со свој штанд учествува на саемот „Фруит логистика“ во Берлин, Германија. Целта на посетата е да се презентираат активностите и да се воспостават бизнис конекции и релации за производство и пласман на земјоделски производи.

На саемот своите производи, овошје, зеленчук, механизација, нови сорти и ланци на продажба, ги претставуваат 2.600 компании.

Како што велат од ФФРМ, учеството на саемските манифестации е непходно за развој на земјоделството бидејќи овозможува да се согледаат новитетите, да се разменат искуства и да се реализираат бизнис релации и средби.

„Фруит логистика“ секоја година го посетуваат преку 62.000 посетители кои сакаат да инвестираат или да го развијат своето производство.

Би можело да ве интересира

Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното

А1он

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

(ВИДЕО) Неколку лица се уапсени по судирите меѓу земјоделците и полицијата на саемот во Париз

Горан Наумовски