Министрите за финансии од Еврозоната поддржаа план за Ирска дел од пакетот помош од 85 милијарди евра да се отплати пред рокот.
– За тоа постоеше широка политичка поддршка во Еврогрупата, изјави холандскиот министер за финансии и шеф на Еврогупата Јерум Дајселблум на конференција за новинари по разговорите со министрите во Милано.
Ирска е прва членка на Еврозоната која во декември лани излезе од планот за спас на ЕУ и ММФ, три години откако побара помош за да ја спаси својата економија која беше на раб на колапс.
Ирска се надева дека ќе отплати 18 милијарди евра долг кон ММФ.