Еврото на најниско ниво во однос на доларот во последните четири месеци

Од:

Вредноста на еврото падна на најниско ниво во период од повеќе од четири месеци во однос на доларот откако вчера претседателот на Европската централна банка, Марио Драги ги потенцира ризиците по економијата во еврозоната.

Еврото падна на минимумот од 1,2745 долари, што е најниско ниво од средината на ноември.

ЕЦБ не ги промени каматните стапки, како што се очекуваше, но Драги беше многу внимателен во своите коментари. Тој посочи дека монетарната политика на ЕЦБ ќе се прилагодува колку што е потребно, наведувајќи ги слабостите на економијата на еврозоната.

Драги истакна дека во моментот инфлацијата не е приоритет и оти нејзиниот пад под два процента ја неутрализира потребата за поригорозна политика.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот