Евростат: Албанија втора најсиромашна држава во регионот

Од:

Според последниот извештај на Евростат, Албанија е втора најсиромашна земја во Европа, со приходи по глава на жител од 30 отсто од просекот во земјите на ЕУ.

Пониско ниво на благосостојба од она во Албанија е забележано единствено во Босна и Херцеговина, каде приходите по глава на жител било 28 отсто од просекот во ЕУ, додека во сите други замји од регионов животниот стандрад бил повисок.

– Но ниското ниво на приходи не е единствен загрижувачки податок. Економската криза го забави приближувањето на Албанија со Европската унија, наведува телевизијата Топ чанел.

Во извештајот на „Еуростат“ стои дека од 2004 до 2010 година приходите по глава на жител во однос на просекот во ЕУ се зголемиле за 10 отсто, додека по 2010 година приходите речиси се „замрзнати“ при шо е забележан раст само од еден процент.

Инаку, во извештајот на Евростат стои дека во Македонија и Србија приходите се 36 проценти од просекот во ЕУ, во Црна Гора 42 отсто, Романија 57 и Хрватска 58 отсто.

Би можело да ве интересира

Околу 13,2 милиони луѓе се невработени во ЕУ

Евростат: Бугарија е држава со најмалку среќни луѓе

Орце Костов

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

Орце Костов

Македонците преферираат да живеат во сопствени домови, Германците и Швајцарците во изнајмени

Ана Ололовска