Европските банки укинуваат речиси 60 илјади работни места

Од:

Вкупниот број на укинати работни места што ги објавија банките во 2019 година се искачи на скоро 60.000, јави Блумберг.

Најновите информации доаѓаат од „Комерцбанк“, во кои се вели дека планираат да намалат 4.500 работни места како резултат на напорите за реструктуирање, што започна пред три години.

Тоа носи вкупен број од 58.200 намалени работни места во банкарскиот сектор, нагласува Блумберг.

Околу 90 отсто од тие позиции се укинати во Европа, каде економијата забавува и банките се борат со негативни каматни стапки. Дојче банка, ХСБЦ и Сантандер исто така укинаа илјадници работни места низ целиот континент.

Германските банки се во најлоша состојба и најавија најголеми намалувања на работните места досега. Дојче Банк е на врвот на списокот, објавувајќи во јули дека ќе намали 18.000 работни места до 2022 година, како дел од реструктуирање на банка од 8,3 милијарди американски долари.

Банките во Шпанија, Велика Британија и Франција, исто така, намалија работни места за да ја зголемат профитабилноста. Потребата да се зголемат профитите доаѓа од глобално ниските каматни стапки, дизајнирани да го катализираат обележувањето на економскиот раст. Трговската војна меѓу САД и Кина е одговорна исто така за голем дел од тоа забавување.

Во меѓувреме, американските банки оставруваат бизнис успеси на сметка на европските. Џеј-Пи Морган стекна милијарди долари имот од хеџ фондови кои претходно беа во сопственост на Дојче банк. Морган Стенли, Голдман Сакс, Банк оф Америка и Ситигруп исто така стекнаа милијарди долари.

Би можело да ве интересира

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Надминат е проблемот со картичките VISA и Mastercard, повторно можат да се користат банкоматите

Катерина Ѓуровски

Банкарска асоцијација: VISA и MasterCard се недостапни – Дефектот не е од македонска страна

Голем дефект – не работат картичките од сите банки во цела Македонија, но и во странство, вадење пари само на шалтер

Анита Петровска Рајковиќ