Европската централна банка ќе вработи 1.000 службеници

Од:

Околу илјада банкарски инспектори ќе се вработат во Франкфурт кои ќе бидат задолжени за надѕор на 6.000 банки во еврозоната, што е клучна етапа за нова банкарска унија.

Механизмот за единствена супервизија на 6.000 банки на еврозоната за кои се преговара веќе три години речиси ќе стане реалност.

Европскиот парламент на 12 септември го изгласа текстот за работа на механизмот, а чии потписници се министрите за финансии и Европскиот совет на шефови на држави и влади на ЕУ.

ЕЦБ веќе со месеци регрутира илјада експерти, од кои 700 контролори, а кои ќе почнат со работа во 2014 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7