Европа изгласа блокада на рускиот гасовод

Од:

Членовите на Европскиот парламент усвоија резолуција со која се осудува изградбата на гасоводот „Северен поток 2“.

Претставничкиот дом на Конгресот на САД, исто така, вчера едногласно усвои резолуција за воведување санкции поради изградба на гасоводот „Северен поток2“.

Како што е соопштено, резолуцијата е донесена бидејќи станува збор за политички проект кој претставува закана за европската безбедност и напорите на ЕУ да ги диверзификуваат изворите за снабдување со енергија.

– Европскиот парламент бара проектот да се откаже, се наведува во резолуцијата.

Европратениците, меѓутоа, ја пофалија Украина поради, како што е наведено, добрата соработка во енергетскиот сектор и нејзините достигнувања во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори, но сепак порачаа дека мора да продолжи со реформите, особено во однос на пазарот со гас и електрична енергија.

Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин изјави дека резолуцијата на ЕП е донесена под притисок на САД, кои исто така усвоија резолуција против изградба на 11 милијарди долари вредниот гасовод „Северен поток 2“.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил