„Евергранде“ се договори со инвеститорите

Од:

Главната компанија во сопственост на групацијата Евергранде, Hengda Real Estate Group, соопшти денска дека постигнала договор со сопствениците на обврзници, што помогна да се смират тензиите предизвикани од можноста овој кинески гигант да не ги подмири своите долгови и на тој начин да предизвика финансиски хаос на глобално ниво.

Централната банка на Кина му помогна на банкарскиот систем со издвојување на околу 14 милијарди долари, а финансиските пазари во Кина се стабилизираа и повторно се отворија по дводневна пауза.

Групацијата Хенгда ќе плаќа камата за обврзниците што доспеваат во септември 2025 година, се вели во соопштението на компанијата. Оваа обврзница веќе е решена преку приватни преговори, додаде компанијата. Се очекува групацијата Евергранд да плати 36 милиони долари камата за обврзниците.

Меѓутоа, оваа кинеска компанија не го споменува плаќањето на каматата на доларската обврзница во износ од 83,5 милиони долари, што доспева утре, како и 47,5 милиони долари, кои ќе доспеат следната недела.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски