Еуростат: Македонија трета по сиромаштија во Европа

Од:

Владата преку одредени медиуми убедува дека во Македонија пристојно се живее, дека сме лидери во поволна бизнис клима, a најновото и дека никогаш како досега била намалена невработеноста.

А податоците на релевантни европски институции друго покажуваат.

bdp-eu

Македонија е трета најсиромашна држава во Европа покажаа најновите податоци на Еуростат, мерено според показателот БДП по глава на жител.

Македонските граѓани се 65% под стандардот на ЕУ, исто како и Србите. Само Босанците и Албанците имаат полош стандард.

bdp-eu1

За уште попрецизно да го преслика реалниот животен стандард на домаќинствата во ЕУ, Eуростат освен БДП-то по жител, кој според нив поточно го одразува нивото на економските активности, го употребил и алтернативниот показател на стварна поединечна потрошувачка по жител.

bdp-eu2

Македонија е во истата група и на истото место и според овој показател со 60 отсто под просекот во ЕУ. Во долниот дел од табелата, како земји кои се под просекот на ЕУ, се Италија и Шпанија но тие се многу блиску до просекот на БДП по глава на жител со 98 односно 97 %, Грците имаат 75 % од просекот, а најлоши во однос на просекот се Романија и Бугарија кои имаат двојно понизок стандард.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Отец Оливер Петровски: Околу 700 000 луѓе имаат само еден оброк во текот на денот, половина се деца

А1он

Демократско движење: Додека Владата експериментира, сиромаштијата само расте

Горан Наумовски

Четвртина од населението во Македонија не може да си го загрее домот: Енергетската сиромаштија се зголемува

A1on

Речиси петтина од населението на Хрватска во ризик од сиромаштија

А1он