Еуростандард Банка воведува нов поволен потрошувачки кредит наменет за здравствените работници

Од:

Во услови на пандемија со коронавирус, кога целиот товар паѓа на здравствените работници, Еуростандард Банка одлучи да им се заблагодари на хероите од првите борбени редови, воведувајќи нов потрошувачки кредит за вработените во здравствените установи под исклучително поволни услови.

Имено, новиот „Кредит Плус“ кој го воведува Еуростандард Банка во своето кредитно портфолио е со 0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци, како и 0% за предвремена отплата. Износот на кредитот е до 900.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на кредитобарателот, a рокот на отплата е до 10 години односно на 120 рати.

„Нашата држава, како и остатокот од светот, се наоѓаат во една исклучително тешка положба. Сведоци сме како пандемијата на КОВИД-19 зема сè поголем замав, а здравствените работници се оние, на првата борбена линија, кои ставајќи го своето здравје во ризик се обидуваат да помогнат на останатите. Воведувајќи го овој нов кредит со одлични услови би сакале да ја изразиме нашата благодарност до сите вработени во здравствените институции за нивната пожртвуваност во овие тешки моменти. Досега се нема случено да има ваква понуда во овој сектор односно да биде понуден кредит со каматна стапка 0%. Искрено се надеваме дека нудејќи ги овие екстра поволни услови можеме на наш начин да им излеземе пресрет на здравствените работници во оваа кризна состојба“, вели Maja Шуклева Камчева, директор на Секторот за работа со физички лица во Еуростандард Банка.

Потрошувачкиот кредит „Кредит Плус“, меѓу другото, може да се искористи за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, како и за одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, којшто ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Од Еуростандрад Банка порачуваат дека за подетални информации поврзани со новиот потрошувачки кредит „Кредит Плус“ им стојат на располагање на сите здравствени работници, а во исто време и им посакуваат добро здравје и успешно справување со пандемијата на КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто во првиот квартал од 2024 година

„Во каса остана само банкнота од 100 долари“: Москва Тајмс тврди известува за недостиг на девизи во банките во Русијa

A1on

Левица: Приходите на банките од камати изнесуваат 267 милиони евра

А1он

Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, донесена е одлука за натамошно зајакнување на отпорноста

A1on

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

A1on

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите